Средношколци од

Средношколци од "Зеф Љуш Марку" на музички фестивал во Турција

Блерина Аземи, Филип Мацкиновски, Јон Бела, Меритон Сали и Нора Лимани, ученици од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, ќе ја претставуваат Македонија, на интернационалниот фестивал „High school music contest“ кој ќе се одржи во Истанбул, Турција од 28 до 30 април.



Нивниот бенд се вика „Слеџ“ и тие ќе ја изведат темата Are you mine на „Арктик Манкис“. Ова е четврто учество на македонски бенд на престижниот натпревар. Во 2007 година нашите млади музичари се вратија со признанието - најдобар солистички настап. „High school music contest“.

Инаку, органзиатор на манифестацијата е популарниот турски пејач и шоумен Серхат Хачипашалиоглу, кој на годинешната „Евровизија“ во Шведска ќе ги брани боите на Сан Марино. На настанот ќе учествуваат средношколски рок- групи од Турција и повеќе европски земји. 

Нашите ученици велат дека за настапот вежбале интензивно со цел достојно да ја престават нашата земја на овој престижен фестивал кој ужива голема популраност кај средношколците во Турција.

- Ова е наше второ учество на натпреварот и се надеваме дека ќе постигнеме добар пласман. Наш ментор е професорката по музичко воспитување Шпреса Ајдини - велат членовите на групата.

Во интернационалното жири има и претставник од Македонија, новинарката на „Дневник“, Соња Алексоска Неделковска.