Временска прогноза за продолжениот и празничен викенд што следува

Временска прогноза за продолжениот и празничен викенд што следува



Во Македонија во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне зголемување на облачноста која во крајните западни и северозападни предели може да услови сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од 0 до 8 степени, a максималните температури ќе достигнат до 14 односно до 24 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне зголемување на облачноста и сосема мали шанси за слаб локален дожд во доцните попладневни и вечерните часови. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени,а максималната дневна до 22 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок нестабилно време со врнежи од дожд и пад на максималните температури кои ќе се движат од 9 до 19 степени. Во сабота претежно стабилно време, умерено облачно со сончеви периоди, додека во северозападните и југоисточните предели ќе постојат услови за слаби врнежи од дожд. Температури од 15 до 25 степени.

Во недела и понеделник нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд. Индензивирање на врнежите се очекува во недела во попладневните и во вечерните часови, кога се очекуваат да наврнат и над 15 литри дожд, а во североисточните, источните и југоистопните предели и над 25 литри дожд. Во недела максималните температури од 14 до 24 степени, додека во понеделник ќе опаднат на максимални 10 односно 19 степени.

Weather4all.com.mk