Голем успех на македонски студенти и ученици на Меѓународна олимпијада по експериментална физика

Голем успех на македонски студенти и ученици на Меѓународна олимпијада по експериментална физика

Изминатиов викенд, 23-23 Април се одржа 4-тата Меѓународна олимпијада по експериментална физика одржана на Факултетот за физика во Софија-Бугарија, во организација на Софискиот клон на Друштвото на Физичарите на Бугарија и Регионалното здружение на физичарите Струмица а со подршка на Друштвото на физичарите на Република Македонија. Натпреварот се одиваше во неколку категории S (ученици од 8 и 9то одделение), M (прва и втора година), L (трета и четврта година), XL(категорија за студенти) ) и со тоа натпреарот ги опфати учениците од основно образование, па се до универзитетско ниво.



Темата на олимпијадата беше „Денот на светлината“ и во тој контекст и самиот експеримент беше направен за натпреварувачите како краен резултат да можат да ја одредат брзината на светлината. Вредноста на оваа константа беше индиректно определена со помош на други две фундаментални физички константи кои пак се мереа изучувајќи низа од електро-магнетни појави . Над стотина натпреварувачи од пет различни држави вклучувајќи ги Македонија, Бугарија,Србија, Русија и Босна и Херцеговина си ги одмерија знаењата од физиката во времетраење од 4 часа. Меѓу овие натпреварувачи македонските претставници покажаа исклучителен резултат. Имено во категоријата за студенти (XL категорија) првата и втората награда ги освоија Љупчо Петров и Билјана Митреска студенти на Институтот за физика на Природно-Математички Факултет во Скопје. Во категоријата М втора награда освои Мими Филова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Апсолутниот победник на натпреварот (најдобар резултат во сите категории), е Дејан Максимовски –ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал “-Скопје.


Организаторите и составувачите на задачата покрај експериментот подготвија и домашна задача за специјалната награда наречена „Награда на Зомерфелд“ . Задачата беше теоретско изведување на формулите кои се користат во експериментот за определување на брзината на светлината која ако се реши требаше да се предаде на комисијата во текот на 12 часа по завршувањето на натпреварот . Задачата со заеднички труд ја решија Дејан Максимовски, Љупчо Петров и Билјана Митреска и ја добија наградата на Зомерфелд. Особен успех е што за првпат на оваа Олимпијада беше доделена наградата, (претходните три Олимпијади Задачата на Зомерфилд не ја реши ни еден од учесниците.

Им честитаме на постигнатиот успех и посакуваме уште многу вакви резултати од страна на младите луѓе од нашава држава кои успешно ја претставуваат на Македонија на меѓународни натпревари .