Која е најмоќната земја во Европа?

Која е најмоќната земја во Европа?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Германија е највлијателната земја во Европа, додека Македонија се наоѓа на 32-то место.

 

земја


Листата беше направена од веб страната „Politiko“ во која го спореди влијанието на лидерите на земјите и амбасадорите во ЕУ. На листата се вклучени и членките на ЕУ и земјите кандидати, а редоследот го утврдил преку комбинирање на влијанието на лидерот на државата и амбасадорот во ЕУ, кои претставуваат врска помеѓу Брисел и главните градови, стабилна влада, јасна стратегија и моќ на државата.

Клучите фактори во воспоставувањето на ранг листата е растечкото влијание на лидерите во последните години, но и значењето на улогата на амбасадорите кои подготвуваат средби и ја одржуваат дипломатијата во живот. Анализата покажува и како земјата е рангирана, како и дали нејзиното движење е позитивно, неутрално или негативно, врз основа на очекуваните случувања во наредните месеци.

Германија и германската канцеларка Ангела Меркел е неспоредлива. Велика Британија се наоѓа на второ место, Франција на трето, а Италија на четврто место. Унгарија е на шесто место, додека премиерот Виктор Орбан се опишува како политичар со долгорочна стратегија.

Хрватска се  наоѓа на 30-то место, додека Романија на 27-то место. Бугарија е веднаш зад неа, а Грција се наоѓа на 11 место.