Родители, ако вашето дете не умее да направи ништо само, виновни сте вие!

Родители, ако вашето дете не умее да направи ништо само, виновни сте вие!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Имам три деца и мојата сопруга веќе 15 години е наставничка. Од нејзиното искуство во образованието, можам да кажам дека го заклучив следното: ние одгледуваме генерација на деца кои ќе бидат целосно неспособни да реализираат било каков успех во модерниот свет. Ги учиме да бидат егоцентрични и да се откажуваат, често и пред да се обидат.

 

наставник


Затоа сакам во неколку кратки лекции на родителите да им го пренесам сето она што сум го научил низ дружењето со наставниците.

Родители, вие не им сте најдобар другар на вашето дете, вие им сте родител!

Вашата задача е на овие деца да им всадите високи морални начела и да ги научите правилно да се однесуваат во светот во кој живееме. Премногу родители кои сум ги сретнал не ја сфаќаат оваа улога и мсилат дека родителите на децата треба да им бидат прво пријатели, а потоа родители.

Ова е огромна грешка. Најдобриот пријател е личноста која се радува на вашите успеси и која ве поддржува во тешките моменти, но не и некој кој е одговорен за вашите постапки и однесување. Во тоа е разликата и затоа е потребно пред се` да бидете родител.

Ако вашите деца не умеат ништо да направат сами, виновни сте вие, а не тие

Ако постои нешто што е карактеристично за модерните родители, е тоа што веднаш откако децата ќе речат дека не можат нешто сами, родителите без многу размислување го прават за нив. На тој начин не им помагаме на децата, туку само воспитуваме генерација која ќе се откаже истиот момент кога ќе наиде на препрека.

Неуспехот е дел од растењето и созревањето и децата треба да научат да се соочат со него; да паднат, а потоа и самите да станат, да ги истресат ногавиците и да се обидат повторно. Покажете му на вашето дете како нешто треба да направи, тргнете се и оставете го да се обиде сам. Сигурно ќе биде побавен отколку вие, помалку ефикасен, но тоа е дел од учењето и растењето. Секој пат кога ќе ги поттикнете да направат нешто сами, ќе биде подобро од претходниот. Но ако никогаш не им дадете шанса, никогаш нема ни да научат.

Нема ништо повеќе што би го изнервирало наставникот како дете што не сака ни да се обиде да ја исполни задачата. Сепак, наставниците тоа го гледаат секој ден во училницата, а за тоа се виновни родителите кои ги научиле децата дека некој друг треба да ги прави задачите наместо тие.

Морате да ги поддржите вашите деца, но и морате да им дадете поддршка и на нивните наставници

Многу родители се научени дека нивната задача е да ги поддржат своите деца. И тоа е апсолутно точно. Но, голем дел од нив забораваат уште една важна работа - одговорноста да ги поддржат наставниците во нивната работа. Тоа значи дека секогаш треба да побарате совет за однесувањето и образованието на детето и да слушате што наставникот кажува за вашето дете. Верувале или не, однесувањето на детето дома може да е сосема различно од однесувањето на детето на училиште.

За голем број родители не важи фактот што наставниците се професионалци. Тоа што сите сме оделе на училиште не значи дека сме експерти за образование. Ако го уништувате авторитетот на наставникот пред детето, ако му се спротиставувате, вие на вашето дете му испраќате порака дека неговиот наставник не вреди да биде почитуван.

Кога наставникот нешто ќе каже, не треба да се вртите кон детето и да го прашате: „Вистина е ова?“. Можеби ви се чини дека на тој начин го вклучувате детето во комуникацијата, но она што всушност го прашувате е дали наставникот ја кажува вистината или не. Со тоа покажувате дека не му верувате се` додека не потврди вашето дете.

Не очекувајте наставниците да ја работат и вашата работа во процесот на образованието на детето


Многу родители се уверени дека обврска на училиштето е нивното детет да научи за сите животни лекции кои треба да ги знае. Вистина е дека и училиштето има важна улога, меѓутоа вие сте тие кои треба да ја имате главната улога. Родителите се оние кои ја носат одговорноста за доброто или лошото однесување на своето дете.

Вашата работа е да бидете добар пример за децата и да ги научите животните лекции кои треба да ги знаат. Наставникот може да ги дополни лекциите, но родителите се оние од кои децата треба да учат. Затоа бидете им добар модел за примерно однесување.