Интернет

Интернет "во реалноста"

Подготвил: Тамара Гроздановски

Чивитакампомарано е малечко селце во провинцијата Кампобасо со само 400 жители, воглавно постари. Во ова село, богато со фолк традиција, интернетот е делумно непознат свет: мобилните телефони и не функционираат баш, а интернетот практично не постои.

 

село

 

Провокативната идеја е да се покаже дека овие виртуелни функции, за кои поголемиот дел од светското население ги смета за неопходни и суштински во секојдневниот живот, исто така постојат и на село, каде поврзувањето е тешко да се достигне: ова е еден вид на интернет „во реалноста“ - проектот демонстрира дека во традицијата и популарната култура, овие инструменти отсекогаш постоеле и им овозможиле на луѓето и семејствата да имаат културна размена и да се запознаваат.