Кои се најмирољубивите нации во светот? На кое место се наоѓа Македонија?

Кои се најмирољубивите нации во светот? На кое место се наоѓа Македонија?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Oд 2007 година „Global Peace Index“ прави рангирање на нациите и земјите според мирољубивоста. Иако би можело да се каже дека светот, од ден во ден, е се` повеќе насочен кон војни, овие десет држави се истакнуваат токму по отсуството на агресија.

 

данска


Данска


Данска се наоѓа на листата поради фактот што претставува една од најбезбедните земји во светот. Иако Копенхаген, главниот град, долго време се наоѓал под окупација на Нацистите, од Втората светска војна не се наоѓа во никакви конфликти. Жителите на Данска повеќе се фокусирани на економскиот напредок отколку на учество во разни вооружени конфликти. Освен тоа, доста се пријателски насочени, отворени и сакаат да помогнат.

Норвешка


Норвешка е една од најсигурните земји во светот, држава во која човечките права се на највисоко ниво, а државната влада го става мирот на прво место на своите приоритети.

Сингапур

Како активен член на меѓународната заедница, и пред се` малата нација, Сингапур може себеси да си ја дозволи сигурноста која ја зема здраво за готово. Од прогласувањето на независноста во 1965 година, Сингапур работеше доста за развивање на добрососедниодноси, но и зголемена економска стабилност и енергетска независност.

Словенија

Словенците се ноаѓаат на самиот врв на листата на најсигуррни земји во светот. Според бројот на организиран криминла, присуството на насилсттво и надворешните конфлики, Словенија е една од највисокото позиционирани членки на ОН според сигурноста која им ја обезбедува на своите државјани.

Шведска

Една од најубавите скандинавски држави, Шведска, се наоѓа далеку на северот на Европа. Иако се вбројува меѓу најголемите извозници на оружје во Европа, има ниска стапка за провала и ограбување. Шведска не била во војна е не учествувала во било какви борби веќе цели две децении.

Исланд


Исланд отсекогаш се држела настрана во време на големи конфликти. И покрај тоа што банките доживеаја колапс пред неколку години - состојбата во државата остана целосно мирна.

Белгија

Сместена во самото срце на Европа, оваа мала држава е дом на Европската Унија и НАТО. Можеби токму поради тоа Белгија ретко била вовлечена во конфликти. Преполна со средновековни градови, пазари, дворци и прекрасна природа - Белгија е рај за туристите.

Чешка

Може да се каже дека Чешка е релативно млада држава. Од моментот кога се оддели од Советскиот блок и кога ги раскина односите со Словачка, Чешка упорно работи и на тоа да стане силен економски центар, и вистинско место за инвеститорите. „Human Development Index“ во 2009 година ја прогласи Чешка за држава со највисок развој на човековите права.

Швајцарија

Швајцарија е најпозната по сирењето, часовниците, банките и ножевите и секако поради нејзината стабилност и ниска стапка на конфликти. Исто така, неодамна е прогласена за држава со најмалку нестабилна влада и како потврда за тоа ја има и најниската стапка на криминал во Европа.

Јапонија

Една од најфасцинантните држави во светот, доколку се проценува според културата. Јапонија е трета по ред економска сила во светот. Од Втората светска војна не се наоѓа во конфликти, а стапката на криминал е сведена на минимум. Освен што е прекрасна, Јапонија е и целосно мирољубива држава. Кинезите и Корејците можеби не се сложуваат со ова, но статистиката си е статистика.

Нашата земја се наоѓа на 71-то место.