Приказната за девојчето кое живее лажен живот на социјалните мрежи

Приказната за девојчето кое живее лажен живот на социјалните мрежи

Подготвил: Тамара Гроздановски

film

 

Сите лажеме, или барем ја „декорираме“ вистината кога сакаме деталите да им изгледаат поинтересно на луѓето околу нас. Слично е и на социјалните мрежи: имаме пријатели или следбеници од кои бараме најголемо внимание кога објавуваме некоја содржина. Сакаме да им се допадне и да се воодушеват. Да не` доживеат.


„A Social Life“ е краток филм кој ја раскажува приказната за Меридит која живее живот каков што отсекогаш сонувала - но на социјалните мрежи. За себе создава лажна слика меѓу пријателите на социјалните мрежи. Тоа го сфаќа едно утро кога ќе се пробуди, а нејзиниот одраз во огледалото е всушност колекција на фотографии кои ги објавила на социјалните мрежи.

Продуцентката на овој филм Керит Лемон вели дека веќе 15 години работи во забавната индустрија. Таа постојано чувствувала товар поради тоа што постојано мора да биде достапна на телефон, 24/7.

„Не ми се допаѓаше тоа што се чувствував исклучена и што истовремено ги користев социјалните мрежи за да побегнам од реалноста. Со филмот сакав да покажам дека ваквиот онлајн живот го прават нашиот идентитет. Се обидуваме да водиме двоен живот, еден реален и еден онлајн, а јас се обидував да создадам лик кој би покажал како и самата се чувствував“, вели таа.

Филмот се појави на голем број фестивали и освои неколку награди, но Лемон вели дека најважно ѝ било да го постави на интернет за луѓето со ваков проблем да се освестат.