Ги знаете ли овие трикови на Facebook?

Ги знаете ли овие трикови на Facebook?

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Фејсбук“ веќе стана дел од нашето секојдневие, а претставува и најголем и најважен дигитален пазар на денешницата.


Воедно е и магнет за некои од најталентираните програмери, па не е чудно што може да се пофали со една од најсложените мрежи во светот, како и со бројните апликации. Еве неколку можности кои ги нуди „Фејсбук“, а за кои веројатно не сте знаеле.

Откријте тајни емотикони

Сите емотикони кои обично ги користиме веројатно ги знаете. Но, дали сте се запознале со овие?

(y) = палец горе, лајк

(^^^) = голема бела ајкула

:|] = робот

:poop: = кога сакате да кажете дека нешто е смрдливо

&(") = пингвин

Овие емотикони може да ги користите на ѕид, во четот или во коментарите. Имајте на ум дека секогаш не се прикажуваат најдобро на телефоните. Целосен каталог од емотикони пронајдете ОВДЕ.

Направете објава која е тешка за игнорирање

Имате да кажете нешто важно, но што вреди да се потроши повеќе од неколку реченици и слика? Не морате да имате сопсвен блог, употребете ја опцијата „Note“, односно белешки.

Со помош на неа ќе може да објавите сопствен блог на самата социјална мрежа, заедно со повеќе фотографии, а за тоа не мора ниту да знаете да програмирате. Започнатата белешка може и да ја напуштите и потоа повторно да работите на неа.