Кроациа Осигурување АД - Друштво за осигурување на Живот вработува...Отворени се 5 работни места

Кроациа Осигурување АД - Друштво за осигурување на Живот вработува...Отворени се 5 работни места

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. СВ. Кирил и Методиј, бр.20, 1000 Скопје, на ден 27.04.2016 година распишува:

О Г Л А С

за пополнување на 5 (пет) работни места

I. СЕКТОР – ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА

ПОЗИЦИЈА: ФИНАНСИСКИ СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ПОЛИСИ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:




- ССС/ВСС;

- Способност за тимска работа;

- Изразени комуникациски способности и преговарачки вештини;

- Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи;

- Висока мотивираност;

- Целосна посветеност кон работната задача;

- Предност имаат кандидатите со искуство во директна продажба;

- Дозвола за управување на моторно возило од Б категорија;

- Познавање на работа во Microsoft Office.




II. СЕКТОР – ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА

ПОЗИЦИЈА – ВОДИТЕЛ НА ТИМ ЗА ПРОДАЖБА НА ПОЛИСИ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:




- ВСС;

- Минимум 3 годишно искуство во продажба;

- Способност за тимска работа, организација и менаџирање на продажен тим;

- Изразени комуникациски способности и преговарачки вештини;

- Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи;

- Висока мотивираност;

- Целосна посветеност кон работната задача;

- Дозвола за управување на моторно возило од Б категорија

- Познавање на работа во Microsoft Office


УСЛОВИ:

- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време - неделното работно време е 40 часа;

- Континуирано посетување на обуки;

- Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.


ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

 биографија (CV) и мотивационо писмо.


Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 15.05.2016 година на адреса: Ул.СВ. Кирил и Методиј, бр.20, спрат II, 1000 Скопје, Р. Македонија или на е-mail адреса: s.merdzanovska@cro.mk, со назнака на позицијата за која аплицирате.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување Живот АД Скопје - Друштво за осигурување на живот, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.

Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

www.cro.mk Кроациа Осигурување - Живот