Напитокот по кој лудува светот

Напитокот по кој лудува светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Сите знаеме дека водата е од есенцијална важност за нашето здравје и животот, па треба да ја пиеме секојдневно во количини од 8 до 12 чаши од 2 децилитри. Но, доколку бидеме искрени, понекогаш може да ни здодее пиењето вода. Поради тоа, во последно време станува популарна „овошната вода“.


Во светот веќе некое време е хит ароматизираната вода, односно водата збогатена со овошје. Меѓутоа, не таква што може да се купи во продавница, туку таква што се подготвува дома. Колку е лесно да се подготви ваквата вода?

Основниот рецепт вклучува вода и овошје, како и сируп по желба.

Подготовката е лесна. Исечете го овошјето на помали парчиња. Зачините како лаванда или роза може да ги додадете со прстите, а ванилата може да ја исечете на половина. Не прескокнувајте ѓумбир, ниту босилок.

Во чаша или шише ставете го овошјето, зачинот по избор и сирупот доколку сакате да ја засладите водата. Додадете вода и добро измешајте со дрвена лажица за сите состојки да ги пуштат своите сокови и ароми.

Садот наполнете го со вода до врвот и уште еднаш добро измешајте, па оставете ја десетина минути, а потоа е подготвена за консумација.

Дополнителен совет: За максимален вкус оставете ја водата преку ноќ во фрижидерот и пијте ја утредента.