Повик за еднодневна работилница:

Повик за еднодневна работилница: "Слобода на изразување и здружување"


People to People Skopje- Macedonia отвора повик за учесници на целодневна работилница на тема: „Слобода на изразување и здружување“. Работилницата се реализира во рамки на акцијата „Здружени за слободно изразување“.

Темите коишто ќе се обработат на оваа работилница се:

• Слободата на изразување како основно човеково право
• Црвени линии: слобода на изразување и говор на омраза
• Медиумите како алатка за артикулирање на младинскиот глас
• Чекори во спроведување на онлајн кампања
• Граѓанска/младинска иницијатива
• Младите, нивното место во општеството и можноста за учество во јавната сфера (држава, политика, граѓанско општество, медиуми)
• Креативни начини за младинско изразување (театар, уметност, улични перформанси, акции)

На работилниците ќе се работи преку методите на неформално образование, а ќе бидат дискутирани и обработувани моментални и актуелни теми и состојби од нашето општество. Возрасната граница за учество е од 16 до 25 години.

Работилницата ќе се одржи во Скопје на 21 мај 2016 г. од 10:30 до 18:30 часот. Организаторот не ги покрива трошоците за транспорт. Апликацијата за учество на работилницата е достапна на следниот линк.

Крајниот рок за испраќање на вашите апликации е 14 мај 2016 (23:59). Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте нè на ptpiskopje@gmail.com.