10-годишник го хакна Инстаграм

10-годишник го хакна Инстаграм

Подготвил: Драгана Петрушевска

Некои деца штедат пари од својот џепарлак за да си купат велосипед или некоја игра. Џани, 10-годишно финско момче, одлучило да го хакне „Инстаграм“ и сега е побогато за 10.000 долари.


Финскиот таблоид „Илталети“ известува дека Џани открил начин да влезе во серверите на „Инстаграм“ и да го избрише текстот од било кој корисник кој го објавил заедно со својата фотографија.

Ова е неверојатно бидејќи Џани е премногу млад дури и да има профил на „Инстаграм“ бидејќи границата е 13 години. Исто така, тој е 10-годишен хакер кој нашол грешка која ја пропуштил дури и тимот на „Фејсбук“.

По наоѓањето на грешката, момчето испратило и-мејл до „Инстаграм“, кои ја поправиле за неколку дена. Како награда, Џани добил 10.000 долари.