Иднината ве предизвикува: SEDC најавува Challenge day за целосна стипендија за следната академска година

Иднината ве предизвикува: SEDC најавува Challenge day за целосна стипендија за следната академска година



Seavus eдукативниот и развоен центар, ги повикува сите млади кои својата професионална иднина ја гледаат во ИТ индустријата да ја искористат можноста да освојат стипендија за една од академиите кои ги нуди центарот. Имено, на 11 мај во просториите на SEDC ќе се одржи Challenge day, на кој ќе биде реализирано тестирање на идните ИТ таленти, а најдобрите ќе добијат целосна стипендија за студиската 2016/2017 година.

Пријавувањето за Challenge Day е бесплатно со регистрација на следниот линк: https://goo.gl/LLDv0r, а целосната програма за трите академии кои се изучуваат во рамки на SEDC, академијата за мрежи, академија за дизајн и академија за програмирање може да се погледне на следниот линк:

https://drive.google.com/file/d/0B3d0mMx8qM7xVjlqZW5zVm1mZFE/view

Претставници од SEDC ги повикуваат сите заинтересирани во меѓувреме да го посетат центарот, да се запознаат со тренерите, начинот на студирање и да присуствуваат на некој од тековните предавања на Академиите.

Од своето основање во 2010 година, SEDC со своите современи програми, високопрофесионалниот и иновативен пристап работи на ист ранг со глобално познати едукативни центри. Доказ за тоа се кадрите кои излегуваат од академијата и нивните професионални ангажмани во светски познати компании.