Од 11 мај сите брендови на оне.Вип стануваат Вип

Од 11 мај сите брендови на оне.Вип стануваат Вип

По спојувањето во октомври 2015 година, кога беше формирана новата компанија оне.Вип и по припојувањето на Близу кон оне.Вип, компанијата најавува дека од 11 мај брендовите на компанијата ќе бидат обединети под брендот Vip. Ова значи дека од тој датум сите корисници на Вип, ОНЕ и Близу тарифните модели стануваат Вип корисници. Денес, компанијата започнува кампања под мотото Заедно е подобро, и затоа, One, Vip и Blizoo стануваме дел од голематa Vip заедница.


Деталите за придобивките за корисниците и она што Вип ќе им го донесе на корисниците ќе бидат познати на 11 мај, за кога компанијата го закажа и официјалниот почеток и прес конференција.

оне.Вип ДОО Скопје е компанија која произлезе со спојувањето на Вип оператор и Оне во октомври 2015г., каде Телеком Австрија Групацијата има удел од 55% и целосна контрола над компанијата, а Телеком Словеније Групацијата поседува 45%. Со присоединувањето, пак, на Близу Македонија, затворено на 3 мај 2016г., го заокружува спроведувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата. Во моментот оне.Вип ги нуди своите продукти и услуги под брендовите Вип, ОНЕ, Близу и BoomTV.

Во 2015 г. оне.Вип започна со инвестиции во изградба на нова мобилна мрежа, како и во модернизација на фиксната мрежна инфраструктура, процес кој продолжува во 2016 година и има за цел до крајот на годината да овозможи најнапредни мобилни технологии во цела Македонија.