Теоријата според фановите на "Game of thrones" поврзана со Тирион Ланистер
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Внимание: Статијата содржи спојлери за 6 сезона, 2 епизода!
Во епизодата „Hоme“, Тирион го исполни неговиот животен сон и успеа да ги запознае живите змејови на Денерис. Со тоа, фановите повторно се вратија на старата теорија дека Тирион е Таргариен.
Како? Порано, Тајвин Ланистер бил раката на лудиот крал Аерис - таткото на Денерис кој бил убиен од Џејми Ланистер за време на бунтовите на Роберт. Аерис тајно ја посакувал жената на Тајвин, Џоана - всушност тој бил со неа за време на нејзината брачна ноќ. Некои фанови веруваат дека тој бил со неа и подоцна - или имал афера со неа или пак ја силувал со што таа забременила со Тирион. Доказите за оваа теорија не се толку силни како теоријата Р+Л=Ј, меѓутоа базирана е на длабоката омраза на Тајвин кон Тирион.
Исто така, тука е и фактот што косата на Тирион во книгите е опишана како „толку русокоса што се чини бела“, со што е слична со косата на Тарагриен семејството, отколку „златната коса“ на семејството Ланистер. Исто така, опишан е дека има „едно зелено око и едно црно“, со што фановите веруваат дека тоа укажува на неговата „измешана“ крвна линија.
Освен тоа, тој успева да ги скроти змејовите, што значи дека тоа е во неговата крв.
Ако оваа теорија е вистина, тогаш Тирион и Џон се Таргариен, со што ќе
се исполни идејата дека, заедно со Денерис, тие ќе ги формираат трите глави на змејот, како што вели пророштвото.