Цел месец бесплатни прегледи кај логопеди и дефектолози

Цел месец бесплатни прегледи кај логопеди и дефектолози

Подготвил: В.Ф.



Здружението „Интеракција плус“ од денеска до 5 јуни почнува нова голема акција и кампања која ќе се реализира под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми“. Тим од логопеди и дефектолози секојдневно ќе вршат бесплатни прегледи на децата кои имаат говорни нарушувања, потешкотии и проблеми, но и консултации со нивните родители и закажувања на неопходните вежби и третмани.

- Пристапот и третманот е исклучиво индивидуален. Целта е на време да им се помогне на секое дете посебно и да има помалку број деца со говорни проблеми - велат од Здружението. Прегледите и третманите ќе ги вршат дипломирани логопеди и дефектолози во Логопедско- дефектолошкиот центар „Интеракција плус“ кај Универзалната сала во Скопје.

Повеќе информации, закажувања и контакти граѓаните можат да се јавуваат кај дипломираниот логопед и дефектолог Ана Петреска, тел. (078)245484 и (071) 973362 и на имејл адресата ana_petreska@live.com