Неколку навики за продуктивно и позитивно утро

Неколку навики за продуктивно и позитивно утро

Подготвил: Тамара Гроздановски

Доколку не сте утрински тип, а сакате да станете, верувајте, тоа може да се промени. Ви донесуваме неколку начини кои можат да ви го направат утрото да ви биде продуктивно и расположено.

 

утро


1. Пробудете се рано

Доколку започнете да ја следите навиката на успешните луѓе, тогаш сигурно ќе забележите дека сите имаат една заедничка карактеристика - се будат рано. Една анкета во која учествувале 20 директори од големи компании покажува дека 90% од работните денови се будат пред 6 часот. Вие не мора да се будите како големите светски директори, меѓутоа секако треба да настојувате тоа да го правите порано. Имено, истражувањата покажуваат дека вработените кои порано се појавуваат на работното место подобро котираат кај шефовите од оние кои доаѓаат подоцна.

2. Истегнете се

Иако навика ви е штом го слушнете алармот да го исклучите и да си легнете „уште 5 минути“, потребно е да го направите токму спротивното. Психологот Ејми Кајди, од Харвард, вели дека телото влијае врз умот, па и истегнувањето на телото може да делува позитивно на психата бидејќи ќе изгледате поголемо, помоќно, со поголема самодоверба со што позитивно се одразува на останатиот дел од светот.

3. Наместете го креветот


Иако можеби ви се чини како залудна задача, бидејќи креветот и онака повторно ќе биде растурен откако повторно ќе легнете, местењето на креветот и тоа како позитивно влијае на психата. Имено, луѓето кои редовно го местат креветот подобро се чувствуваат и имаат поразвиено чувство за пари.

4. Медитирајте

И најголемите светски ѕвезди како Коби Брајант, редовно медитираат. Имено, утринската медитација помага во фокусираноста во текот на денот. Наместо да се пробудите и да сте под стрес поради останатиот дел од денот кој е пред вас, со медитација ќе го смирите умот и ќе се подготвите за денот кој е пред вас. Затоа издвојте неколку минути од вашето утро и за оваа активност.

5. Вежбајте

Иако утринското вежбање, веднаш после будењето се чини како најлош кошмар, тоа е доста корисно. Имено, утринските вежби ве полнат со енерија која ви е потребна за останатиот дел од денот. А и ве ослободува од стрес и ви го подигнува расположението. Нема изговор.

6. Појадувајте

Појадокот треба да го поттикне метаболизмот и да го обнови нивото на шеќер во крвта за да бидете попродуктивни во останатиот дел од денот. Настојувате да биде полн со влакна и протеини за да ја заврши својата функција.