Отворен ден на ФИНКИ

Отворен ден на ФИНКИ

Подготвил: Драгана Петрушевска

Во сабота со почеток од 11 часот, ФИНКИ ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани матуранти кои сакаат да се запишат на овој факултет од септември.


Факултетот објави на својата официјална интернет-страница дека оваа сабота, 7 мај, идните студенти ќе имаат уште една можност директно да се запознаат со можностите за студирање на факултетот. Отворениот ден ќе се одржи во просториите на факултетот, односно на Техничко-технолошкиот кампус.

„Ги повикуваме сите матуранти да дојдат и заедно со своите постари колеги од ФИНКИ од прва рака да се запознаат со Факултетот, со начинот, условите и можностите за студирање, со студиските програми, со лабораториите, просториите за предавање“ пишува во официјалниот повик.

Повеќе информации за отворениот ден пронајдете на официјалната интернет-страница и на фан-страницата на „Фејсбук“.