Проверете дали вашиот меил бил хакиран

Проверете дали вашиот меил бил хакиран

Подготвил: Тамара Гроздановски

меил 

 

Хакерите постојано добиваат пристап до милиони меилови и лозинки, од популарни сервиси за меил како што се „Google“ и „Yahoo“, а вашите меилови ги наоѓаат од страните на кои сте го искористиле меилот за да се зачлените.


Оваа недела беше објавена информација дека 40 милиони нови меилови „протекле“ од овие страници како дел од скоро 300 милиони пораки. Дали сте биле и вие дел од нив? Можеби

Постои начин како да откриете дали и вашите информации биле дел од тоа „протекување“. Веб страната Haveibeenpwned.com ги собра сите меилови кои протекле и ви овозможува лесен начин да откриете и за вашите информации.

За во иднина да избегнете вакво хакирање, запомнете да ја менувате редовно лозинката.