Фчерашни новости: Непознат вирус ги тресе вторите ешалони во јавна администрација
Нов и досега непознат вирус болест ги тресе вторите ешалони во јавна администрација – со
гостинот др. Паника разговараме за деталите. Повеќе и за проектот „Од град во село“ - граѓаните
назад во опинци, а каква иднина ја очекува нашата младина ќе дознаете во екслузивното
пророштво. Тука се и редовните рубрики „Фенг шуи за народот“ и временската прогноза со чичко
Симе Временски.
Ова и многу повеќе ве очекува во новата епизода на
„Фчерашни новости“.
Третата епизода ќе може да ја погледнете оваа недела од 19.10 часот на телевизија „Телма“.
Дотогаш сите скечеви од првата и од втората епизода, како и фотографии и видеа од зад сцената и
од снимањата, може да ги најдете на официјалните канали на „Фчерашни новости“ на :
Јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w
Фејсбук: https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/
Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/