Што мислат генијалците за вештачката интелигенција?

Што мислат генијалците за вештачката интелигенција?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали ќе ни помогне да еволуираме или ќе не` уништи? Што мислат генијалците за ова? „ТИМЕ“ праша неколку од најинтелигентните луѓе денес што мислат за вештачката интелигенција.


Сем Алтман

Алтман, кој работи на развивање слободна верзија на вештачка интелигенција која би им била достапна на сите, смета дека роботите во иднината би можеле да ја надминат човековата интелигенција за децении, но дека не постои ризик за уништување на човековиот вид.

Ник Бостром

42-годишниот директор на Институтот за иднината на човештвото на „Оксфорд“ предупредува дека вештачката интелигенција бргу би можела да стане опасност за луѓето.

Бил Гејтс

60-годишниот милијардер ја гледа вештачката интелигенција во блиската иднина како позитивна замена во работата, но доколку ја користиме правилно. Тој се грижи и дека „суперинтелигентните“ системи кои ќе дојдат за неколку децении ќе станат доволно моќни за да претставуваат грижа и не сфаќа зошто некои луѓе не се загрижени.

Стивен Хокинг

Познатиот 74-годишен научник смета дека вештачката интелигенција би можела да биде чудесна и катастрофална, нарекувајќи ја „најголем настан во човековата историја“. Таа би помогнала во остратнување на војните, болестите и сиромаштијата, но потенцијалот за раст би можел да ги надмине финансиските пазари, истражувачите, лидерите и да развие оружја кои ние не можеме ниту да ги разбереме. Хокинг предупредува дека тоа може да биде и последниот настан во историјата ако не научиме како да ги одбегнеме ризиците.

Илон Маск

44-годишниот претприемач за вештачката интелигенција смета дека е „наша најголема закана за постоењето“. Тој дури предложува регулации на национално или меѓународно ниво за да се обезбеди сигурноста.