Зошто најголемите европски банки наеднаш имаат гигантски загуби?

Зошто најголемите европски банки наеднаш имаат гигантски загуби?

Подготвил: Тамара Гроздановски

1

 

Податоците за работата на европските банки во првите четири месеци оваа година ги предизвикаа финансиските експерти и аналитичари да постават сериозно прашање: дали европскиот банкарски систем се соочува со нова криза Дека ваквиот страв не е целосно неоснован потврдуваат и резултатите од работењето на големите европски банки.


Две банки со највисока репутација, „Deutsche Bank“ и „Credit Suisse“ изгубија во почетокот на годината 33 односно 35% од нивната вредност. пазарната вредност на „Unicredit“ се преполови, додека „Erste bank“ и „Intesa Sanpolo“ изгубија една четвртина од својата вредност.

Притоа, треба да се има на ум дека поради кризата, акциите на овие банки уште минатата година изгубиле на вредност. На пример, стрмниот пад на вредноста на италијанските банки започна во 2015 година, кога европската централна банка побара да се рашират информациите за бројот и големината на издадените нефункционални кредити.

Швајцарската банка „UBS“, една од најголемите и најреномираните банкарски институции во светот, објавија дека во првите четири месеци од оваа година реализира нето профит од 707 милиони швајцарски франци, што е значително помалку во однос на приходите од минатата година во истиор период.

Оперативниот приход падна на 8.84 милијарди од минатата година на 6.83 милијарди швајцарски франци во 2016 година. Андреас Брун, аналитичар од кантонска банка во Цирих ги рангирал овие резултати како сериозен пропуст во сите важни делови на банкарскиот бизнис, додавајќи дека негативните трендови не се запрени и дека оваа година ќе биде уште полоша. Сепак „UBS“ спаси 1.36 милијарди франци кои банката ги заработила во Азија.

Работењето со швајцарските банки, кое некогаш било најсигурно за сите светски богаташи, стана крајно сомнително. Поради рекордно ниските камати, од 0 до 1.5%, повеќе не се исплаќа да се држат парите во банките. Дополнителен проблем е тоа што се` почесто банките даваат и негативни камати што значи дека им наплатуваат на штедачите за чување на парите.

Поради тешката состојба на банкарскиот сектор во Италија, владата во Рим го воспостави фондот Атланта кој треба да обезбеди помош во рекапитализација на малите, послаби банки. Владата тврди дека Фондот, во сопственост на приватни финансиски институции, ќе помага и на банките ќе им дава пари за полесно да ја пребродат кризата.

Фондот Атланта овие денови презедоа 92% од акциите на „Banca Popolare di Vicenza“ после што акционерите и штедачите од банките извлекле милиијарди и пол евра во готовина. Акционерите и депонентите ги фати паника, и е најавено дека Атланта ќе ги преземе сите акции на берзата за кои нема да се пронајде купувач. Така фондот Атланта ќе стекне сопственост над 99.33% од капиталот на банките.

 


Иако владата во Рим тврди дека фондот ќе спречи колапс на малите банки, мал број луѓе веруваат во тоа: се проценува дека на италијанскиот банкарски сектор ќе му биде потребна „инекција“ од 300 милијарди евра за да го реши проблемот на лошите и нефункционалните кредити. Не е чудно што Џозеф Оугхоурлиан, ко-основач на „Amber Capital“ изјави дека проблемите продолжуваат и дека 2016 година ќе биде тешка за многу европски банки.

Стефан Проспери, извршен директор на „Kairos Investment Management“ исто така е доста песимистичен во врска со состојбата во италијанскиот банкарски сектор: тврди дека овој пазар е меѓу најлошите во Европа и дека не е време за долгорочен бизнис во земјата.

Од проблемот не се лишени ниту британските банки. „HSBC“ банката, најголемата финансиска и банкарска институција во светот, со седиште во Лондон, со 85.000 вработени, најави отпуштање на 20.000 работници. „Barclays“ банката која исто така работи во Лондон, објави дека ќе намали 1.000 работни места.

Меѓутоа, британскиот банкарски сектор наскоро може да го очекува катастрофа. Ако Англичаните на референдум одлучат нивната земја да излезе од Европска Унија, во тој случај, еспертите предвидуваат дека Велика Британија ќе остане без 100.000 работни места во финансискиот сектор. Само „Deutsche Bank“ во Англија има повеќе од 9.000 вработени.

Оваа криза е резултат на ниската цена на нафтата, ниските каматни стапки, лошите кредити, вкупната економска криза и ароганцијата на финансиските олигарси кои владеат не само со судбината на поединци и компании, туку и со целата светска економија.