Што не треба да правите додека барате работа?

Што не треба да правите додека барате работа?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Доколку барате работа веќе одредено време, веројатно сте под стрес. Меѓутоа, обрнете внимание на овие десет работи и никогаш не ги правете за време на својата потрага по работата од соништата.


1. Барате пониска плата од очекуваната само за побргу да добиете работа.

2. Во резимето се опишувате на потполно неодреден и неразбирлив начин, на пример како „мотивирана личност со исклучителни вештини“.

3. Трошите време на пријави на автоматизирани портали за барање работа.

4. Барате и се пријавувате на пониско рангирани работни места, а не се обидувате да се пријавите на места кои навистина сакате да ги добиете.

5. Се пријавувате на секој оглас за работа за кој исполнувате барем еден услов.

6. Трчате по работа без оглед на тоа што огласот е завршен и реално немате на што да се надевате.

7. Молите на разговорот за работа.

8. Прифаќате секаков, па дури и бесмислен услов и предизвик кој ви го дава потенцијалниот иден работодавач.

9. Не преговарате за платата и работата кога треба.

10. Прифаќате и лоша работа само за да бидете вработени.