11 причини зошто треба да бидете дел од SEDC Challenge day

11 причини зошто треба да бидете дел од SEDC Challenge day



Оваа среда (11.05) со почеток во 16.30 часот во просториите на Seavus едукативниот и развоен центар ќе се одржи Challenge day или промотивен ден на Академиите кои се изучуваат во рамки на центарот.

Ова се 11 причини зошто баш ти треба да бидеш дел од овој Challenge day.

1. Ќе дознаеш како оваа Академија може да ја трасира твојата професионална иднина
2. Ќе ги видиш најдобрите просторно – технички капацитети за студирање во земјава
3. Ќе ти помогнеме да ја избереш најсоодветната насока според твоите афинитети и потенцијал
4. Ќе те поттикнеме да размислуваш претприемачки
5. Ќе ги сретнеш најинсиративните и најпосветените тренери и ментори кои се подготвени целосно да се посветат на твоето професионално усовршување
6. Ќе запознаеш млади и веќе успешни професионалци со кои само пред една година беа на твоето место
7. Ќе добиеш вистинска можност за кратко време да стигнеш до најплатените и најпосакувани ИТ професии во дизајн, програмирање и компјутерски мрежи
8. Ќе почувствуваш вистински предизвик да работиш на реални проекти на познати компании од земјава и регионот
9. Ќе го тестираш твоето знаење и среќа и можеби токму ти ќе освоиш целосна стипендија за студиската 2016/2017
10. Ќе им се приклучиш на најдобрите
11. Ќе се забавуваш!

Студентите кои веќе биле дел од претходно организираните отворени денови на SEDC велат дека сите кои имаат интерес од ИТ индустријата воопшто да не се двоумат и да го посетат центарот оваа среда, да се запознаат со најдобрите ментори и одличната програма која ја нуди SEDC.