Научно докажани начини за подобрување на меморијата

Научно докажани начини за подобрување на меморијата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Науката покажува дека постојат доста едноставни начини за промена на однесувањето кои можат да му помогнат на мозокот да функционира подобро.

 

memorija


Некои од нив се исфрлување на оброци доцна навечер како што се на пример кеските, 40 секунди повторување на најважните информации и консумирање на доволно зеленчук.

1. 40 секунди се доволни за да се подобри меморијата


Сакате да бидете подобри во помнењето на фактите, сеќавање на лице или помнење на имиња? Поминете само 40 секунди повторувајќи ги главните информации, ќе биде доволно тие да останат забележани во мозокот.

Ова е заклучокот на последното истражување кое од учесниците бараше да се сетат на снимки од „YouTube“. Луѓето кои поминале 40 секунди повторувајќи го видеото во мислите или на глас, недели подоцна подобро се сеќавале на истото.

Овие сознанија се важни особено за критични ситуации како на пример кога сте сведок на некој инцидент. Сеќавањето на настанот ќе биде подобро ако сведокот си го повтори инцидентот штом тој се случил.

2. Престанете да јадете кекси доцна навечер

Истражувањето направено на глувци вели дека оброкот во погрешен дел од денот има големо влијание врз послабото учење и послабата меморија. Авторот на истражувањето, Даун Лох советува да избегнувате оброци од било каков вид навечер, особено ако станува збор за кекси и нешто благо.

3. Јадете овошје и пијте топло какао

Ако сте постари, земањето овошје и зеленчук ги обезбедува сите дневни потреби за витамини и минерали и го забавува откажувањето на меморијата.

Големото истражување од Чикаго покажува дека кај луѓето кои земале 2.8 порции овошје и зеленчук, имале намалени когнитивни потешкотии за дури 40%. Ова намалување го продолжува животот за 5 години.

И изненадувачки, се покажува дека топлото какао ги намалува когнитивните промени кај постарите лица.