Хуманитарна  акција на студентите на Економскиот факултет - Скопје

Хуманитарна акција на студентите на Економскиот факултет - Скопје

Студентите на Економски факултет на ден 05.05.2016, поддржаа хуманитарна акција во црквата “Свети Апостоли Петар и Павле”. Имено, студентите ја покажаа својата хуманост донирајќи прехранбени производи и помагајќи во подготвувањето и делењето на оброците за сите ранливи категории на граѓани во рамки на јавната кујна во црквата “Свети Апостоли Петар и Павле”.




Организаторите на овој настан беа студентите на департманот маркетинг: Марина Анчевска, Ивана Ацковска, Јован Цветановски, Бранимир Бојаџиевски, Мила Поповска и Наташа Димитриевска при Економски Факултет - Скопје под менторство на доц. др. Ежени Брзовска.