Данска отвора академија за хакери

Данска отвора академија за хакери

Подготвил: Драгана Петрушевска

Данската известувачка агенција ќе регрутира талентирани поединци за борба против терористичките организации.


Воената известувачка агенција на Данска (ДДИС) објавила неодамна дека ќе основа „академија за хакери“, каде што ќе бидат обучувани експерти на информациските технологии, а најдобрите кои ќе дипломираат ќе добијат понуда за вработување.

Во соопштението се наведува дека на академијата ќе биде запишана „мала група“ на оние кои се веќе „најдобри во тоа што го работат“. Се појаснува дека на академијата нема да се учи хакирање, туку ќе се влијае на нивниот менталитет и вештини кои агенцијата би можела да ги употреби во борбата против странските сили, како терористичките организации.

Кандидатите ќе поминат низ четиригодишен процес на селекција на тајна локација во област од Копенхаген, по што ќе бидат регрутирани во хакерскиот тим на агенцијата.

Процесот на одбирање ќе го надгледуваат психолози и компјутерски експерти од агенцијата. Академијата ќе започне со работа во август.