Џонсон Мети објавува Програма за пракса - Лето 2016

Џонсон Мети објавува Програма за пракса - Лето 2016



Џонсон Мети Македонија со задоволство ја објавува својата Петта програма за летна пракса. Преку програмата, студентите ќе можат да аплицираат за летни пракси со полно работно време во еден од многуте оддели на компанијата, вклучувајќи ги Производство, ЧР, ИТ, Финансии, Логистика, Квалитет, Одржување, Инженерство, Континуирано подобрување и многу повеќе! Програмата за летна пракса обезбедува единствена можност за добивање на вредно професионално искуство и за градење на вештини кои се потребни за започнување на кариера.

Можат да аплицираат студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), Природно-математички факултет (Институт за хемија), Машински факултет, Технолошко-металуршки факултет, Филолошки факултет, Филозофски факултет и Економски факултет.

Кандидатите за програма за пракса треба да ги исполнуваат следниве критериуми за квалификација:

- Да бидат студент во III/IV година од редовни студии или студент на постдипломски студии;
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на работа со компјутер – MS Office пакет, интернет, е-маил
- Добри организациски вештини;
- Тимски играч со добри интерперсонални вештини;
- Добри комуникациски вештини (писмени и усни);
- Самоиницијативност и проактивност кон работата и дадените задачи;
- Посветеност кон исполнување на резултати;

Доколку сте заинтересирани за пракса, испратете ваша биографија со писмо за мотивација на англиски јазик на следнава е-маил адреса: mkjobs@matthey.com,

Ве молиме да ја наведете програмата за пракса за која аплицирате во полето Предмет, во спротивно вашата апликација нема да биде земена предвид.

РОК ЗА ПРИЕМ НА АПЛИКАЦИИТЕ: вторник, 31 мај 2016 година.