Станете дел од тимот на Exit

Станете дел од тимот на Exit


Фондацијата EXIT ги поканува сите млади од регионот кои сакаат да учествуваат на фестивалот годинава да се пријават за волонтирање.

Секоја година, на фестивалот волонтираат илјадници млади луѓе. За да се стане волонтер треба да се биде полнолетен и да се помине селекцијата. Една смена трае 6 часа, а за волонтерите ќе биде обезбедено: влез, храна, вода и сместување во камп, додека патот и личните трошоци се покриваат од самите волонтери. Волонтирањето трае од 4 до 11 јули, а по завршувањето волонтерите добиваат сертификат.

Пријавете се најдоцна до 1 јуни.

Пријавувањето се врши ОВДЕ.