Оглас за вработување во Охридска банка... Отворени се 2 (две) работни места во Скопје и Охрид

Оглас за вработување во Охридска банка... Отворени се 2 (две) работни места во Скопје и Охрид

Придружете му се на успешниот тим од професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка, Групација Сосиете женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност, значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни врски засновани на почитување и доверба. Градењето на тимскиот дух значи возбуда и задоволство од меѓусебната поддршка и размена на знаење.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредностите што ги цениме се одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународната групација со 150-годишна историја, која може да Ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој на позицијата:

1. INFORMATION ASSURANCE ENGINEER
Локација: Скопје


2. INFORMATION TECHNOLOGY TEAM LEADER
Локација: Охрид



   
1. INFORMATION ASSURANCE ENGINEER


ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Предлага планови и ја подготвува документацијата за дистрибуција на сигурносните надградби на оперативните системи и комерцијалните системски апликации;
Ги координира активностите на администраторите и на надворешните партнери во случај на СЛА-договори;
Директно учествува во реализацијата на активностите за дистрибуција на сигурносните надградби на:
- сервери,
- фајлови системи,
- мрежна опрема,
- сервери на бази на податоци,
- компјутери и лаптопи,
- уреди (appliances) и решенија како СИЕМ, WebFiltering, Networker, Recover Point;
Директно учествува во разрешувањето на прашањата поврзани со дистрибуцијата на сигурносните надградби, предлог на решенија за нивно управување и подобрување;
Координација на активностите на надворешните партнери за поддршка на дистрибуцијата на сигурносните надградби, контрола и известување;
Подготвува акциски планови и врши контрола на реализацијата на активностите поврзани со управувањето на слабостите (Qualis извештаи) и изработка на решенија поврани со примената на стандардите за зајакнување на ИТ-системите;
Одговорен е за евиденција и периодична ревизија на привилегиите за пристап;
Врши проверка и ги потврдува безбедносните аспекти на измените на ИТ-системите и пред нивното поставување во продукција (спроведување на побарувањата за зајакнување, дефиниран УАР-менаџмент, техничка документација поврзана со сигурносните прашања за ИТ, интеграција со СИЕМ, предлагање на соодветен резервен план и вклучување во резервните решенија);
Раководи со системите на ИТ- ДР- локацијата, освен делот на мрежна инфраструктура;
Подготовува предлог акциски планови и директно учествува во активностите поврзани со надминување на слабостите на ИТ-системите утврдени преку ПЕН-тестови;
Директно учествува во изработката на решенија и во подготовката на акциски планови и координација на спроведувањето на активностите поврзани со барањата на Груацијата Сосиете женерал и во примената на локалната регулатива во делот на сигурност на информативните системи;
Ја ажурира и ја води документацијата поврзана со ИТ- ДР- локацијата и ги применува оперативните процедури за активирање на ДР- локацијата;
Одговорен е за проверка на резервните ИТ-решенија и за нивната дневна продукција, како и за периодична проверка за усогласеност на поставените технички конфигурации.


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

Високо образование – ЕТФ или ФИНКИ, отсек КТИА или друг соодветен факултет од областа на компјутерските технологии и инженерство;
Претходно искуство и познавање на оперативниот систем Мајкрософт, сервери на бази на податоци и базични принципи на мрежна инфраструктура;
Потребно е познавање/искуство/и-или сертификација во делот на примена на најдобри практики за сигурност на ИС (управување со надградби, управување со слабости, зајакнување...);
Практичното искуство и/или сертификати во делот на управување со ИТ-ризиците се смета за предност;
Аналитички вештини и способност за изработка на предлог-решенија и спецификации;
Добро познавање на англискиот јазик и на алатките на МС офис;
Способност за тимска работа и водење и координација на тим од различни ИТ-профили и бизнис корисници;

За предност ќе се смета:
- претходно искуство во водењето проекти за примена, надградба и развој на ИТ-системи и ИТ-проекти,
- специјалистички познавања на ИС-архитектура.

2. INFORMATION TECHNOLOGY TEAM LEADER

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Ги планира и ги координира активностите на ИТ-администраторите поврзани со дневната продукција, развојот, одржувањето, обнова на ИТ-системите и активностите поврзани со сигурносните стандарди во ИТ;
Одговорен е за планирање и управување со капацитетот на ИТ-системите и за подготовка на решенија за надградба;
Врши контрола на испорачаните услуги од надворешните добавувачи за поддршка на ИТ-системите;
Предлага решенија за развој и надградба на ИТ-системите:
- како дел на регуларна обнова на ИТ-инфраструктурата,
- развој,
- поддршка на корисничката околина,
- Legacy побарувања поврзани со измена на ИТ-инфраструктурата и миграција на технички решенија;
- Побарувања поврзани со регулаторни барања и ревизии,
Класификација и проверка на комплетност и ажурираност на техничката документација за ИТ-системите и ИТ-решенијата;
Врши редовна проверка на инвентарните листи на ИТ-опремата;
Предлага оптимизација на лиценците за системскиот софтвер и комерцијалните системски апликации;
Одговорен е за управување со ИТ-инцидентите поврзани со ИТ-инфраструктурата;
Врши периодични проверки на исполнување на СЛА-критериумите за ИТ-системите и соодветна покриеност во ПКР-планот;
Предлага активности и проактивно учествува во предлагање на технички решенија и мерки за усогласување со критериумите за СЛА;
Врши конрола на активностите поврзани со резервните ИТ-решенија;
Извршува активности како втор администратор на бази на податоци;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Високо образование – ЕТФ или ФИНКИ, отсек КТИА или друг соодветен факултет од областа на компјутерските технологии и инженерство;
Претходно искуство и познавање на оперативните системи на Мајкрософт, сервери на бази на податоци;
Напредно познавање на принципите на мрежна инфраструктура;
Искуство и познавање на методологијата за проекти и познавања на информативната сигурност ќе се сметаат за предност;
Претходно работно искуство со ИТ-системи (сервери, бази, системи за складирање, мрежа, апликативна околина);
Аналитички вештини и способност за изработка на предлог-решенија и спецификации;
Добро познавање на англискиот јазик и на апликацијата МС офис;
Способност за тимска работа и за водење и координација на тим од различни ИТ-профили и бизнис корисници.
За предност ќе се смета:
- претходно искуство во водење проекти за примена, надградба и развој на ИТ-системи и ИТ-проекти;
- специјалистички познавања на ИС-архитектура.

Заинтересираните кандидати што ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да испратат професионална биографија (CV), најдоцна до 27.5.2016 год. на адреса: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака "Information assurance engineer" или “Information Technology Team Leader” во зависност на кој оглас се аплицира.

Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.