Емоционалниот пат на

Емоционалниот пат на "Nokia"

Подготвил: Тамара Гроздановски

„Nokia“ вчера го најави новиот почеток. Како мало потсетување, ви го претставуваме емоционалниот пат низ кој поминаа „Nokia“ и паметните телефони.

 

1


Пролет 2007 година:
50.3% од мобилните телефони се создадени од„Nokia“

Есен 2007 - пролет 2013: Тажните години. „Nokia“ и паметните телефони се држат за рака и си ветуваат дека засекогаш ќе бидат заедно. Заедно скокаат и заедно паѓаат како што паѓа и пазарот на „Nokia“.

Април 2014: Паметните телефони имаат афера. Извршниот директор Стивен Елоп ги продава одделот за паметни телефони на „Microsoft“.

Ноември 2014 година: Горчливиот „Nokia“ го произведува „N1 Android“ таблетот - во основа клон на „iPad“. Само едно парче бонбони за да ги направи паметните телефони љубоморни.

20 април, 2015:
„Recode“ вели дека „Nokia“ и паметните телефони повторно зборуваат и може да имаат разговор лице-в-лице на заедничко кафе.

26 април 2015 година: „Nokia“ ја објавува следната изјава со што покажува дека со паметните телефони се всушност само добри пријатели:

„Nokia забележува неодамнешни вести кои тврдат дека компанијата има намера за производство на мобилни телефони за потрошувачите во Кина. Овие извештаи се лажни, и вклучуваат коментари кои погрешно ѝ се припишуваат на компанијата“.

Компанијата потврди дека нема планови да произведува или продава мобилни телефони.

8 јули 2015 година: „Microsoft“ ја бриши целата афера на „Nokia“ како грешка вредна 7.6 милијарди долари.

13 јули, 2015 година: Роберт Морлино, портпаролот на „Nokia“ официјално го ажурира статусот на компанијата со паметните телефони во: комплицирано.

...прашањето кое постојано се појавува е: дали „Nokia“ ќе се врати на мобилните уреди?

Одговорот е: комплицирано е.

18 мај 2016 година: „Nokia“ и паметните телефони конечно ја официјализираат врската. Иако после токсичната врска, новотокриената љубов е навистина силна. Наместо да се посвети целосно, „Nokia“ само ќе го позајми своето име додека друга компанија, наречена „HMD“ ќе ги промовира новите паметни телефони.

Такашто да, компанијата ѝ се враќа на паметните телефони.