Во кои индустрии се бараат најмногу вработени во Македонија?

Во кои индустрии се бараат најмногу вработени во Македонија?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на вработени и слободни работни места се менува од квартал до квартал. Меѓутоа, од 2012 до 2015 година, најголем број слободни работни места има во една индустрија - преработувачката.


Кога станува збор за моменталната состојба, односно според најновите податоци, најголем број слободни места во март годинава имало во индустриите:

1. Преработувачка индустрија (2.054 слободни работни места); 

2. Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1.279 слободни работни места);

3. Градежништво (614 слободни работни места).



Кога станува збор за индустриите кои имаат најмногу работници, на врвот се наоѓаат:

1. Преработувачка индустрија (110.282 пополнети работни места);

2. Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (74.258 пополнети работни места);

3. Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (45.575 пополнети работни места).

Во последниве 3 години, просечно најмногу слободни работни места има во преработувачката индустрија. Од друга страна, просечно најмногу луѓе се бараат во индустријата за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.