Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН вработува...Плата од 60.000 до 90.000 денари

Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН вработува...Плата од 60.000 до 90.000 денари

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на 

Раководител на правна служба/Корпоративен правник

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за организација, координирање и спроведување на сите потребни активности од правен аспект од значење за компанијата, регулирање на сите прашања со правна проблематика и застапување на компанијата пред сите институции и државни органи. Изготвување и давање правна форма на сите видови договори кои ги склучува компанијата со цел да се минимизираат проблемите и да се заштитат интересите на компанијата. Составување и поднесување жалби, тужби, приговори, спогодби, одлуки, заклучоци и други правни акти за потребите на компанијата. Изготвување материјали за седниците на Одборот на директори и Собранието на акционери. Изготвување на предлог текстови за Колективен Договор, правилници, Статутот на компанијата како и усогласување со законските измени. Следење на законските прописи кои се од значење и за другите сектори од компанијата. За својата работа ќе одговара на Главниот извршен директор. Платата за работното место во нето износ е од 60.000,00 до 90.000,00 денари.

Потребни квалификации:
Правен факултет, ВСС/VII степен (240 кредити)
Работно искуство во деловно право повеќе од 5 години
Одлично познавање на Microsoft Office апликациите
Одлично познавање на англискиот јазик


Конкурентски предности:
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Динамичност, ефективност и ефикасност
Желба за работа во средина со високи барања
Флексибилност и адаптибилност
Тимска работа и кооперативност
Решавање на проблеми и донесување одлуки
Способност за критичко размислување
Постојан развој и усовршување


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
Мотивациско писмо
Биографија на англиски јазик (CV)
Доказ за завршено образование


Огласот трае до 27.05.2016 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на неопределено време со пробна работа во траење од 6 (шест) месеци.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, http://www.usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи. Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.