Како

Како "фабриките за златни медали" ги подготвуваат кинеските деца да бидат следната олимписка ѕвезда?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Tрогателни фотографии од расплакани деца се појавија на интернет, а потекнуваат од детско училиште во Кина, земја која во минатото ги сместувала децата во училишта дизајнирани за обучување и тренирање на следните олимписки шампиони.

 

деца


Фотографиите се направени во спортските училишта низ цела Кина. Децата мораат да поминат исцрпувачки тренинзи на шест годишна возраст за да бидат следните шампиони на Олимпијадата. Спортскиот систем во Кина е доста успешен, уште откако земјата се врати на Олимпијадата во 1980 година.

Но, работите се подобруваат и се менуваат во земјата, како што се става фокус на различни форми на образованието. Денес се` помалку родители се спремни своите деца да ги подложат на исцрпувачки тренинг рутини, со што доведе до пад на бројот на учениците. Некои училишта се затворија, а други се прилагодуваат на начинот на кој тие работат. Бројот на спортски училишта е намален од 3.687 во 1990 година.

Во шангајското Број 1 спортско училиште каде се одвива промената, секретарот во училиштето, Хуанг Кин вели: „Во 80-тите и 90-тите, училиштата како нашето беа доста привлечни. Но родителите повеќе не се толку подготвени да ги испратат своите деца во спортски училишта. Изворот на ученици за спортско училиште се намали откако општеството стави поголемо значење на културното образование“, вели  Хуанг Кин.

Опаѓањето на наталитетот во земјата како резултат на политиката на едно дете во Кина не помогна на тоа поле, заедно со лошиот образовен систем со кој кинеските деца трошеа двојно повеќе време на домашни задачи во еден ден во однос на глобалниот просек.

Пекинг одговори на овие проблеми во 2010 година, со донесување на политика позната како „документ 23“, наредувајќи им на училиштата да ги подобрат стандардите на наставата и да им дадат поголема поддршка на пензионираните спортисти.

Во шангајското Број 1 спортско училиште, Хуанг вели дека е подобрено тренирањето од страна на наставниците. Училиштето во 2012 година започна да одбива атлетичари кои не го поминувале академскиот приемен испит, и им велеле на родителите дека целта им е да го искористат спортот како тренинг за да ги едуцираат децата, со што немаат крајна цел да бидат најуспешни атлетичари. 

 

Линк до галеријата.