Кревет каков што посакува секој љубител на вселенските бродови

Кревет каков што посакува секој љубител на вселенските бродови

Подготвил: Тамара Гроздановски

Корисникот на „Reddit“, „BrooklynEWD“ на оваа социјална мрежа сподели неколку фотографии од креветот на неговиот син кој го претвори во вистински вселенски брод.

 

1


Всушност, креветот бил првото нешто што тој го направил, а првиот чекор бил правење модел од креветот користејќи го 3D софтверот за моделирање „Sketchup“ што и не било многу лесно.

„Ова беше најтешкиот дел од целиот процес“, објаснува корисникот.

 

2


Кога изградбата била завршена, тој продолжил со брусење и грундирање. „Часовникот отчукуваше. Моето семејство беше надвор од градот цела недела, такашто јас работев секоја вечер 7 дена за да можам да го завршам“, додава тој.

 

3


На крајот решил да го остави креветот небојадисан за да има нешто што ќе го работи со својот син.