Овој човек нема ниту

Овој човек нема ниту "Facebook" ниту "Twitter" профил, а се смета за најдобриот бизнисмен во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Во времето кога поголемиот дел од неговите врсници опсесивно објавувале приватни работи на различни социјални мрежи, ко-основачот и директорот на „Snapchat“, Еван Шпигел нема профил на ниту една од овие социјални мрежи. Освен тоа, тој не сака да дава интервјуа и себично ја крие неговата приватност.

 

еван


Наместо активностите на социјалните платформи, Шпигел своето време го искористил за развивање на еден сосема различен онлајн простор - „Snapchat“, на кој луѓето на негови години поминуваат повеќе време отколку на „Facebook“ или „Instagram“ и засега одлично му оди.

Роден е на 6 април 1990 година, а „Snapchat“ ја лансирал во 2011 година заедно со Реџи Браун и Боби Марфи како проект за време на студиите на Стенфорд. На самата идеја, за содржина која исчезнува после неколку секунди дојде Реџи Браун, но нивното партнерство се распаднало и завршило со судска спогодба. Боби Маррфи останал во фирмата и ја извршува функцијата на технички директор.

Еван одлучил чудниот концепт за мобилна апликација да го претвори во сериозен бизнис, такашто на луѓето ќе им го понуди спротивното од она што го прави конкуренцијата. Тој не се обидува да изгради нов „Facebook“ или „Twiter“. Ова е една од ретките социјални апликации кои немаат „feed“. Она што тој го развива е сосема различен концепт. Шпигел е воден со идејата на луѓето да им понуди алтернативно уредувана содржина каква што луѓето објавуваат на „Facebook“ и „Instagram“.

„Snapchat“ не е социјална мрежа, но е забавна апликација за комуникација, изградена врз идејата за споделување на времето и искуството со другите луѓе. „Повеќе не мора да го зграпчуваме моментот во реалниот свет и повторно да го рекреираме онлајн“, објаснува Шпигел. „Едноставно живееме и комуницираме во истиот момент“.

Апликацијата функционира на тој начин што корисниците споделуваат фото и видео содржини, а пораките исчезнуваат после 10 секунди од нивното читање. Важен детал е тоа што корисниците снимаат видео вертикално наместо хоризонтално, едноставно затоа што на тој начин го држат телефонот во раката.

Апликацијата за брзо време беше прифатена од помладите, а истражувањето од инвестициската компанија „PiperJaffray“ покажа дека ова е една од најпопуларните апликации за тинејџери. Според некои извештаи, Шпигел и неговиот тим намерно ги оставаат некои делови комплицирани, за постарата генерација да не ја користи апликацијата. Со тоа, таа е оаза за тинејџерите кои постојано се следени од нивните родители и роднини на „Facebook“.

 


За разлика од „Facebook“ кој внимателно собира разни податоци за нивните клиенти, „Snapchat“ не сака да се занимава со вакви методи. Компанијата не ги следи личните податоци на корисниците и не собира нивни податоци. И самиот Шпигел вели дека сето тоа е малку морничаво.

Огромниот потенцијал на оваа апликација го забележа и Марк Цукерберг, кој сакаше да ја купи платформата. Во периодот кога апликацијата не остваруваше никаков приход тој на Шпигел му понуди вртоглави три милијарди долари. Шпигел ја одбил понудата, а многу луѓе тогаш сметале дека одбивањето е наивно и арогантно. Но, излезе дека воопшто не се во право.

Не долго после тоа, пазарната вредност на „Snapchat“ се подигна на 15 милијарди долари, а Шпигел се најде во друштво на најмладите милијардери на светот. Апликацијата моментално има околу 130 милиони активни корисници дневно.

Кон крајот на април, таа беше број еден најпреземана апликација во 28 земји, речиси двојно повеќе од „Facebook“, „Twitter“, „Messenger“ и „Instagram“ заедно. „Snapchat“ прикажува видео огласи на рекламни брендови како „Coca-Cola“, „McDonalds и „Samsung“ на целиот екран, на ист начин на кој се прегледуваат и содржините на апликацијата. Целта на Шпигел во 2016 година е 300 милиони долари приход, што е доста импресивно со оглед на тоа што минатата година очекуваше приход од 50 милиони долари. Главните приходи доаѓаат од преносите во живо кои се користат за пренос на настани во живо како конференции и фестивали.

Опсесијата на Шпигел за чување на приватниот живот во тајност е разбирлива, особено затоа што дел од неговиот приватен живот завршил на интернет. Медиумите долго време прикажувале вести за разводот на неговите родители и дознале многу детали за тоа како растел, а дел од нив прикажаа и меил на Шпигел уште од студентските денови кој не го покажуваат во најдобро светло. Неговите помошници велат дека својот лидерски стил го гради по моделот на Стив Џобс чиј портрет се наоѓа во неговата канцеларија. Корпоративната култура е полна со затвореноста на Шпигел и неговата потреба максимално да ја зачува приватноста.

Голем дел од вработените за новите производи дознаваат преку медиумите, тимовите работат одвоени едни од други и добиваат информации само кога им се потребни за да си ја извршат работата. На голем број луѓе овие услови не им одговараат такашто голем дел од вработените ја напуштиле компанијата. Тоа го направил и шефот на продажба Мајк Рандал кој ја напуштил компанијата после седум месеци, а истото го направила и директорката на операции Емили Вајт која од „Instagram“ отишла во „Snapchat“ и си заминала од таму после година дена.

Сепак, Шпигел е свесен за сето ова. Како и тој самиот, и компанијата расте и се развива. На минатогодишната конференција на „Recode“ изјавил: „Јас не сум голем менаџер. Се обидувам да бидат голем лидер. За мене тоа не е процес на станување одличен извршен директор, туку станување одличен Еван“.