Јеротиќ:

Јеротиќ: "Немирното дете е знак за интелигентно дете"

Подготвил: Тамара Гроздановски

dete

 

Ако детето е немирно, остави го, често тоа е знак дека детето е интелигентно и бистро суштество. А родителите, во незнаење, за мирното и послушно дете велат „моето добро дете“, а всушност нивното дете е исплашено и несигурно. Секако, понекогаш се раѓа и дете кое едноставно е такво, иако е силно и паметно.


Немирното дете е знак за интелигентно дете. И токму таа интелигенција не му дозволува лесно да се помири со се` што му се кажува.

Јас бев немирно дете и никогаш не бев одличен ученик. Во гимназија бев многу добар, добар, имав петка по веронаука и историја. По математика и физика имав тројка. Мојот другар, кој денес е познат писател и преведувач, во гимназија пушташе гулаби од последната клупа. За малку фалеше да биде избркан од училиште. Доби опомена од наставникот, опомена од директорот и опомена од наставничкиот совет. Тоа се мали незгоди кои често ги издаваат интелигентните деца. Денес, за многу поголеми незгоди и посериозни прекршувања кои немаат никаква врска со интелигенцијата, казните се многу поблаги.

 

Автор: Владета Јеротић

Извор: Зелена Учионица