Бесплатни Вип пливачкa и тенис школa за деца од 6 до 16 години

Бесплатни Вип пливачкa и тенис школa за деца од 6 до 16 години



Вип со задоволство го најавува најновиот проект “Да спортуваме заедно”, со кој децата од 6 до 16 години ќе добијат можност да бидат дел од бесплатните Вип спортски школи по пливање и тенис со што ќе ги исполнат деновите од летниот распуст со спортски активности.

Бесплатните Вип спортски школи ќе се одржуваат од 16 ти јуни до 16 јули , а можноста да бидат дел од нив ќе ја добијат 400 деца од Македонија и тоа 200 деца во школата за пливање и 200 деца во школата за тенис. Пријавувањето почнува од денес и ќе трае до 9 јуни, а ќе се одвива преку специјално креиран веб портал www.zaedno.mk каде сите заинтересирани можат да ги видат критериумите за пријавување и деталите за активностите.

- Определбата на Вип за инвестиција во спортот како неопходен елемент за здрав живот продолжува и преку овој проект кој за главна цел ја има мотивацијата на младите генерации да се запознаат со спортот, да го засакаат и станат идни амбасадори на спортската култура. Очекуваме голем одзив бидејќи сметаме дека младите се иднината, спортот е култура, спортувањето е здравје, изјави Никола Љушев - Извршен директор на оне.Вип.

Бесплатните Вип спортски школи ќе се одржуваат два пати неделно во Вип базен и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски”, ќе ги раководат реномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери од Тениската школа Борис Трајковски.

Бесплатните спортски школи на Вип се проект со кој компанијата уште еднаш ја потврдува својата определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува.