Дали е правилно да им се отстранат канџите на мачките?

Дали е правилно да им се отстранат канџите на мачките?

Подготвил: Тамара Гроздановски

мачка

 

Со децении хируршкото отстранување на канџите на мачките била рутинска ветеринарна постапка во Америка. Меѓутоа, ова не е едноставен педикир - зафатот вклучува анестезија, болка и ампутација на делови од прстите.

Првиот предлог закон во Америка, припремен од државата Њујорк, во врска со забраната за отстранување на канџите на мачките предизвика жестока дебата помеѓу ветеринарите и љубителите на мачки - некои инсистираат дека отстранувањето е нехумано, а други велат дека треба да биде дозволено бидејќи тоа е единствено „средство“ за мачките кои го гребат мебелот, тепихот и луѓето.

„Никој од нас не ја сака оваа постапка. Но, што кога е алтернатива доживотното осудување на мачките во засолниште или смрт? Затоа го правиме“, вели Ричард Голдстин, ветеринар во њујоршкиот Здравствен центар за животни и поранешен предавач на Ветеринарниот факултет при Универзитетот Корнел.

Њујоршките и американските ветеринарни организации кои се противат на забраната, велат дека често пати ова е единствениот начин да се спречат мачките со проблеми во однесувањето да бидат напуштени или еутанизирани. Ваквите одлуки треба да се препуштат на професионалците и сопствениците на мачките.

За разлика од човечките нокти, канџите на мачките се поврзани со коските, и нивното отстранување бара ветеринарот да ги пресече тетивите и нервите и да го отстрани последниот сегмент на коски на секој прст на мачката.

„Тоа е ампутација. Исто е како со клешта на човекот да му се отсече врвот од прстите“, вели Џенер Конрад, калифорниски ветеринар кој ја поддржува забраната.

Директорката на основната школа во Бруклин, Лиза Фернандес вели дека дозволил да ѝ се отстранат канџите на нејзината мачка бидејќи не знаела каква е всушност процедурата. Сега, децата од нејзината школа учествуваат во кампањата која ја поддржува забраната.

Њујоршкиот закон ќе го укине данокот на промет на храната за домашни миленичиња, а пратениците минатата година изгласале и да се дозволи влегување на кучињата во градините на рестораните.

Неколку американски држави забраниле операции за отстранување на гласните жици на кучињата, а сите 50 американски држави имаат закони според кои суровоста кон животните е кривично дело.

„Докажавме дека американската јавност е длабоко загрижена за благосостојбата на животните - оние кои живеат со нас и оние кои се користат за производство на храна“, изјави Вејн Пасел, претседател и извршен директор на американското друштво за хуманост.

Австралија, Велика Британија и уште неколку европски земји веќе го забраниле отстранувањето на канџите на мачките. Операцијата е забранета и во Лос Анџелес и неколку други градови во Калифорнија. Се проценува дека процедурата се применува на околу една четвртина од сите мачки во Америка.