Феноменални страници за виртуелно истражување на светот

Феноменални страници за виртуелно истражување на светот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Прошетајте низ урнатините во Помпеја или погледнете како е на врвот на Ајфеловата кула. Каде и да тргнете, не заборавајте да уживате во погледот.


1. 360cities.net

Одберете град, било кој град и посетете го. Оваа интернет-страница содржи голема база на податоци од мали и големи градови од целиот свет кои може да ги погледнете во 360 степени. Повеќето од фотографиите се направени од висока точка во градот.

2. Polarhusky

Посетете ја оваа интернет-страница за да добиете увид во студентиот и возбдлив свет на санките и снегот. Тука може да истражите и научите повеќе за различни делови од светот за климата, географијата и повеќе.

3. Airpano

Освен фотографии, оваа интернет-страница нуди и видеа во 360 степени од повеќе држави низ светот.

4. Arounder

Истражете ги популарните локации и туристички атракции во дел од светот, па дури и вселената.

5. Viewat.org

Ова е уште една панорамска интернет-страница која овозможува пристап од 360 степени во музеи, природа итн.

6. Fullscreen360

Доживејте некои од најневеројатните локации во светот. Одберете локација и разгледајте ја.

7. Allgeau-Cam.de

Може да ја разгледувате Германија со помош на камери кои се поставени во најатрактивните места.