Колку студенти дипломирале на државните а колку на приватните установи во 2015 година?

Колку студенти дипломирале на државните а колку на приватните установи во 2015 година?

Подготвил: Тамара Гроздановски

kiril

 

Според податоците од Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2015 година, бројот на дипломирани студенти се намалил за 14.2% за разлика од дипломираните студенти во 2014 година.


Од вкупниот број на дипломирани студенти 79.5% биле редовни, а 20.5% вонредни студенти. Кога станува збор за полот, жените преовладуваат со мала разлика - 57.1% се дипломирани жени, а 42.9% се дипломирани мажи.

Од вкупниот број на студенти, 40.9% дипломирале навреме, додека 59.1% дипломирале подоцна од официјалното траење на високото образование.

Од државните високообразовни установи вкупно дипломирале 8.458 студенти; од приватните високообразовни установи дипломирале 6.385 студенти, а од верските факултети дипломирале 4-ца.

Доколку се разгледуваат универзитетите посебно, тогаш универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје води со дипломирани студенти. На овој универзитет во изминатата 2015 година дипломирал 3.417 студенти. Веднаш позади него е државниот универзитет во Тетово на кој дипломирале 986 студенти. Трет по ред е универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип на кој дипломирале 973 студенти. На универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола дипломирале 884 студенти, а на универзитетот „Св.Апостол Павле“-Охрид дипломирале 40 студенти.

На високите стручни школи, односно на Високата медицинска школа во Битола дипломирале 85 студенти.

Што се однесува до приватните високообразовни установи, на прво место се наоѓа Југоисточниот европски универзитет - Тетово, на кој дипломирале 633 студенти. На второ место е Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје на кој дипломирале 338 студенти. На трето место е ФОН-Универзитетот во Скопје на кој дипломирале 317 студенти. На Меѓународниот славјански Институт „Г.Р.Державин“ во Свети Николе дипломирале 208 студенти, со што оваа приватна установа се наоѓа на трето место, а на четврто место е Американ колеџ во Скопје со 189 дипломирани студенти.

Понатаму следуваат Факултетот за бизнис - економија во Скопје со 82 дипломирани студенти, Европскиот универзитет - Скопје со 66 дипломци, ПВОУ за бизнис економија Еуро колеџ во Куманово со 52 дипломирани студенти, МИТ универзитетот во Скопје со 29 дипломирани студенти, и Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска филмска театарска и танцова академија ЕФТА-Скопје со 18 дипломирани студенти.