Охридска банка вработува!

Охридска банка вработува!

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка, групација Сосиете женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Градењето на тимскиот дух значи возбуда и задоволство од меѓусебната поддршка и размена на знаење.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ГЕВГЕЛИЈА

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Подготовка, развој и реализација на комерцијални цели на експозитурата согласно насоките дефинирани во буџетот на Банката;
Нудење на целата палета на банкарски производи и услуги на постојните и потенцијалните клиенти;
Поставување и надгледување на комерцијалниот буџет на експозитурата;
Одржување и промовирање на деловна мрежа на лица кои се вклучени во локалната економска заедница ;
Организирање настани и реализирање средби со клиенти;
Ги управува, мотивира и ја контролира работата на сите вработени во Експозитурата;
Анализа на специфични потреби во однос на човечки ресурси (вработување, трансфери, обука) и следење на професионалните квалификации на персоналот;
Следење на профитабилноста на активностите и квалитетот на услугите;
Супервизија на сите активности реализирани во експозитурата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Високо образование, пожелно во областа на економија, финансии и банкарство;
Претходно работно искуство од најмалку 3 години на иста или слична позиција;
Развиени продажни вештини и техники;
Одлично познавање на англиски јазик;
Одлично познавање на MS Office ;
Тимски играч;
Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV) со придружно писмо, најдоцна до 03.06.2016 год. на адреса: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „За оглас: Раководител на eкспозитура Гевгелија“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.