Дали храброста е преценета кога станува збор за успехот на студентите?

Дали храброста е преценета кога станува збор за успехот на студентите?

Подготвил: Тамара Гроздановски

успех

 

Концептот на храброста е можеби најпопуларниот тренд во образовните кругови денес - идејата дека студентите кои имаат голема храброст ги надминуваат оние со висок коефицент на интелигенција или природен талент.


Истражувањето на Ангела Дакворт открива дека најуспешните луѓе не се оние само со само-дисциплина, туку се и одлучни да постигнат одредена задача, без оглед на пречките.

За да ја измери храброста, Дакворт создала едноставен тест од 12 прашања кој се' повеќе се користи од страна на компаниите и војската при оценувањето на кандидатите. Кога Дакворт го спровела тестот кај повеќе од 1.200 бруцоши кадети во Вест Поинт откако тие влегоја во ригорозната летна обука, војската откри дека нејзиниот тест предвидува кои кадети на крајот ќе успеат отколку нивните сопствени проценки.

Но колку храброста го објаснува крајниот успех на луѓето кои постигнуваат напредок во нивната област?

Не колку што ние тежнееме да мислиме, велат двајца истражувачи од Универзитетот Харвард кои работат на нов проект во насока на разбирање на развојот на одделна совршеност. Тод Роуз и Оги Огас  тврдат дека концептот како храброста и напорната работа се основани на просекот низ населението и професиите, како што се тенисот или шахот. Но, мајсторството не може лесно да се објасни преку просекот со оглед на тоа што луѓето го постигнуваат успехот на различни начини.

Уште од септември, Огас и Роуз интервјуирале над 30 луѓе кои имале постигнато успех во своите области. „Кога поминавме време разбирајќи како тие се подобрувале, секој од овие луѓе имаше уникатен пат до успехот“, вели Огас.

Земете го за пример познавачот на вино кој поминал часови учејќи и усовршувајќи се без успех. „Потоа тој сфатил дека можел да разликува вина преку изразите на лицето кога ги вкусувал. Кога го користел овој метод, тој успевал да го направи тестот“, вели Огас.

Исто така, тие интервјуирале врвен покераш кој бил доктор на науки и имал нервен слом додека чекал да влезе на интервју за академска работна позиција. Таа се преселила во Монтана, каде започнала да игра покер во локалното казино и за брзо време станала позната во овие кругови.

„Во секој случај откривме дека секој од нив формираа сопствена патека бидејќи тие мислеа дека тоа е она што треба да го направат. Потоа, во еден момент тие сфатија дека воопшто не м се допаѓа патот. Во текот на тој период, тие започнале со нешто друго и направиле серија на избори што ги довело до успех“, вели Роуз.

Откако пилот фазата од нивното истражување наскоро ќе заврши, Роуз и Огас планираат да ја прошират истрагата на стотици луѓе за да видат дали важи нивната индивидуална теорија на успехот.

Концептот на храброста и 10.000 часа беше широко прифатен од едукаторите бидејќи е релативно лесно да се сфати и нуди утеха за родителите кои се загрижени за своите деца.

Роуз и Огас велат дека се надеваат нивниот краен резултат од работата ќе биде збир на принципи практични и лесни за следење. Еден принцип кој веќе го имаат заклучено е: подобро е човек да има краткорочни цели, наместо долгорочни бидејќи најуспешните луѓе мислат на повеќе од еден чекор понапред во нивните животи.