Едноставен трик од Хравард кој ќе ви помогне во помнењето на важни задачи

Едноставен трик од Хравард кој ќе ви помогне во помнењето на важни задачи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Помнењето да ставите нафта во возилото, да ги наводнете растенијата пред да одите некаде на викенд, може да се покаже како невозможен подвиг кога умот има толку многу други задачи.

 

mozok


Но, Универзитетот во Харвард откри едноставен трик кој ќе ги врати сите ваши заборавени задачи. Трикот е да ги поврзете задачите со предмет во близина на местото каде треба да се изврши, за подоцна да ја aктивира меморијата.

На пример, замислете календар кој виси близу машината за алишта - тоа ќе ви помогне да се сетите дека треба да ги ставите алиштата да се сушат секој пат кога ќе поминете покрај календар.

„Нашите резултати покажуваат дека постои голема веројатност луѓето да ги следат нивните намери доколку се потсетат преку забележителни знаци кои се појавуваат на точното место и време“, вели авторот на истражувањето и психолошкиот научник Д-р Тод Роџерс од Кенди училиштето на Харвард.

Истражувачите сметаат дека визуелните индиции можат да им помогнат на луѓето. За таа цел направија експеримент за да откријат дали тоа е вистина.

87 учесници пополнувале компјутерска задача долга еден час за која  им било ветено дека ќе добијат пари. Доколку дополнително се сетат да земат спојница за хартија кога ќе си ги земаат парите, тогаш ќе биде направена дополнителна донација за добротворни цели.

На половина од испитаниците им било кажано дека статуа од слон ќе седи на шанкот како потсетник за спојницата, додека на другата половина едноставно им заблагодариле за нивното учество со што не добиле никаков потсетник за спојницата.

Резултатите покажале дека 74% од луѓето на кои им било кажано за статуата со слон се сетиле да земат спојница за хартија во споредба со само 42% од оние на кои не им била дадена помош.

Ко-авторот на истражувањето, Кетрин Милкмен од универзитетот во Пенсилванија вели: „Луѓето често пати не успеваат да ги исполнат нивните намери. Додека ограничената само-контрола често пати е виновникот, другата причина е тоа што тие едноставно забораваат на намерите кога ќе се појават можностите“.

„Овој пристап го вклучува поврзувањето на намерите, на пример испраќањето на писмата со посебен знак кој ќе го привлечат вашето внимание кога ќе имате можност да дејствувате. Тие можат да бидат поефикасни од писмените и електронските потсетници. Овој пристап, кој ги проширува и интегрира досегашните истражувања за самоконтролата и потенцијалната меморија, може да биде моќна алатка“, додава таа.

Истражувачите велат дека знаците можат да бидат корисни за бизнисот.

Во друг експеримент направен врз 500 корисници на кафуле им биле дадени ваучери кои можеле да бидат искористени два дена подоцна. На некои клиенти им било кажано дека ќе има играчка вонземјанин близу касата како потсетник да го искористат купонот.

Околу 24% од оние на кои им било кажано за играчката ги искористиле купоните, во споредба со 17% од оние кои не знаеле за играчката.

Истражувањата велат дека наодите укажуваат на тоа дека „потсетувањето преку асоцијација“ нудат стратегија без напор со која ќе се сетите да ги извршите задачите кои имате тенденција да ги забравите во текот на секојдневниот живот.

Тимот планира да продолжи со понатамошни истражувања за да открие дали знаците можат да им помогнат на луѓето да се држат до нивните медицински и здравствени режими како што се фитнес програмите или земањето лекови. Истражувањето беше објавено во списанието „Psychological Science“.