Како би изгледал светот доколку преземат роботите?

Како би изгледал светот доколку преземат роботите?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Краткиот научно-фантастичен филм „Ана“ покажува како би можело да изгледа доколку компјутерите станат попаметни од луѓето. Машините нема да го преземат светот наскоро.


Вештачката интелигенција се` уште е на своите почетоци од развивањето, и покрај моќните алгоритми кои ги создаваат истражувачите во моментов. Меѓутоа, тоа не значи дека не може да размислуваме како би изгледало доколку роботите ги надмудрат луѓето.

Продукциската компанија „Factory fifteen“ објави трејлер за филм за вештачка интелигенција која раководи со фабрика наместо луѓето. Роботот го предава човекот и создава армија од роботи-убијци. Трејлерот нуди можност за визуелизација на начинот на кој размислуваат алгоритмите.