Од утре температури над 30 степени... Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Од утре температури над 30 степени... Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Ова утро имаме претежно сончево и потопло време, само во северните, северозападните и во дел од централните предели на Македонија имаме зголемена облачност.

Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со локална облачност, малку потопло и ветровито. Во попладневните часови во североисточните и источните предели зголемување на облачноста и услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели западен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индекс 8.

Во Македонија во петок и сабота претежно сончево и потопло. Ветерот постепено ќе престанува. Во петок утринските температури од 5 до 14 степени, а максималните од 20 до 30 степени, а во сабота минималните температури од 6 до 15 степени, а максималните од 22 до 32 степени. Во недела и понеделник претежно сончево со локална облачност и уште потопло. Во попладневните часови во североисточните и источните предели услови за развој на нестабилност и локални врнежи од дожд и грмотевици. Во недела максималните температури од 24 до 34 степени, а во понеделник од 25 до 34 степени.

Weather4all.com.mk