Скопски Легури вработува!

Скопски Легури вработува!

„Скопски Легури“ ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на

РЕФЕРЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ


Главни одговорности:

-  Администрирање на матична евиденција на вработени;
-  Проследување на целокупната постапка од засновање до прекин на работен однос во согласност со Законодавството на РМ и контакт со надлежните институции;
-  Постапка при пензионирање на вработени и остварување на правата за инвалидност;
-  Ажурирање на целокупната база на податоци за вработените;
-  Редовно следење и проучување на законските прописи од областа на работни односи;
-  Спроведување на соодветни договори, одлуки, решенија кои се однесуваат на човечките ресурси по разни основи;
- Спроведување на постапката за обезбедување на дозволи за работа и престој на вработените кои се странски државјани;
-  Обработка на на доставените работни листи (евидентирани работни листи) за вработените и формирање пресметка и декларација за пресметка на плати (нето, бруто), придонеси и даноци од плати;
-  Останати технички и административни работи.

Потребни квалификации:

-    Диплома за завршено високо образование (општествени науки, менаџмент на човечки ресурси, правен факултет);
-    Претходно работно искуство во наведената област минимум 3 години;
-    Одлично познавање на законските прописи од областа на работни односи;
-    Одлично познавање на алатките од  MS Office пакетот;
-    Познавање на англиски јазик;
-    Развиени пишани и говорни комуникациски способности;
-    Лична и професионална ефективност.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават (по пошта или e-mail) своја биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 06.06.2016 год. на:

„Скопски Легури“ ДООЕЛ
ул. 16 Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје, со назнака за - Оддел за управување со човечки ресурси
e-mail: g.mitevski@skopskileguri.com