Гените може да откријат колку долго ќе останете во образованието

Гените може да откријат колку долго ќе останете во образованието

Подготвил: Драгана Петрушевска

Некои гени влијаат на времето кое луѓето го поминуваат во образованието, покажува едно од најголемите истражувања спроведени во областа.


Над 250 научници од целиот свет откриле 74 генетски варијанти кои го одредуваат бројот на годините кои луѓето ги поминуваат на училиште и на универзитет. Повеќето од гените влијаат на развојот на мозокот, особено во матката.

Истражувањето не значи дека сега научниците може да ги користат гените за да предвидат колку долго некој ќе се образова. Меѓутоа, истражувањето покажува дека би можело да се користат тестови за препознавање на индивидуалните силни и слаби страни на луѓето, вели научникот Роберт Пломин.

Гените забележани во последното истражување најверојатно ја имаат својата улога преку когнитивните вештини и аспекти на личноста, како интелектуалната љубопитност и упорноста. 74-те генетски фактори објаснуваат само малку разлики во времето кое луѓето го поминуваат во образованието. Генетиката игра само 20% од улогата за успехот, а околината, воспитувањето и другите социјални и околински фактори го објаснуваат останатото.

Научниците откриле дека генетските варијанти објаснувале 3% од разликата во времето поминато на училиште или факултет. Научниците се надеваат дека анализа на поголем број на генетски фактори ќе даде подетални резултати во иднина, со кои ќе може да се предвиди повеќе.