Како стои Македонија во однос на светот според бројот на патенти?

Како стои Македонија во однос на светот според бројот на патенти?

Подготвил: Драгана Петрушевска


Агенцијата WIPO во рамки на Обединетите нации ги објави последните податоци за бројот на патенти според земја во 2014 година. Според тие податоци, Јужна Кореја има најмногу патенти - 3.254 на еден милион жители. По неа следуваат Јапонија и Германија со 2.092 и 913, соодветно.

Првите десет земји изгледаат вака:

1. Јужна Кореја
2. Јапонија
3. Германија
4. САД
5. Кина
6. Франција
7. Велика Британија
8. Италија
9. Русија
10. Канада

Кога станува збор за Македонија, податоците се достапни од 1993 година, во која за првпат биле пријавени патенти, и тоа 128.

Најголем број патенти од Македонија биле пријавени во 1994 - 236.

Бројот е значително помал во последниве години, посебно од 2008 наваму, кадешто бројот на патенти само еднаш надминува 50.